Ставање во употреба
Со вртливото копче на бројот на вртежи (20) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
1−2 | Низок број на вртежи |
3−4 | Среден број на вртежи |
5−6 | Висок број на вртежи |
Прикажаните вредности во табелата се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Материјал | Дијаметар на глодалката [mm] | Позиција на вртливото копче за подесување |
---|---|---|
Цврсто дрво (бука) | 4–10 | 5–6 |
Меко дрво (бор) | 4–10 | 5–6 |
Иверки | 4–10 | 3–6 |
Пластика | 4–15 | 2–3 |
Алуминиум | 4–15 | 1–2 |
Пред вклучувањето, поставете ја длабочина на глодање.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го најпрво копчето за блокада (1), потоа прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и држете го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (19) повторно притиснете го копчето за блокада (1).
За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19). Доколку со копчето за блокада (1) го имате зацврстено прекинувачот за вклучување/исклучување (19) кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и потоа пуштете го.