Совети при работењето

  • Процесот на глодање секогаш мора да се извршува спроти правецот на ротација на глодалката (18) (спротивен тек). При глодање во правец на ротација (ист тек) електричниот алат може да ви избега од раката.

Поставете ја саканата длабочина на глодање.

Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот за обработување и вклучете го.

Притиснете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Доколку е потребно, притиснете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) нагоре, за трајно да го фиксирате.

Процесот на глодање вршете го со константна брзина.

По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја површинската глодалка во најгорна позиција.

Исклучете го електричниот алат.

За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за жлебови, како помошен граничник на делот за обработување може да прицврстите една даска или лајсна и да ја водите површинската глодалка по должината на помошниот граничник. Водете ја површинската глодалка на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.

При обликување и глодање на рабови без паралелен граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-водилки или куглично лежиште.

Водете го вклучениот електричен алат странично на делот што се обработува, додека чивиите-водилки или кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од делот што се обработува.

Водете го електричниот алат по работ на делот за обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети работ на делот што се обработува.

Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го со завртките (4) соодветно на потребните димензии.

Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно движење и страничен притисок на паралелниот граничник по должината на работ од делот што се обработува.

Свртете го паралелниот граничник (27), на тој начин што површините на граничникот ќе покажуваат нагоре.

Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го со завртките (4) соодветно на потребните димензии.

Прицврстете го клинот за центрирање (28) со пеперутка-завртката (29) низ отворот на паралелниот граничник (27).

Ставете го клинот за центрирање (28) во означената средишна точка на кружниот лак и водете ја глодалката со рамномерен притисок.

Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го со завртките (4) соодветно на потребните димензии.

Прицврстете го граничникот за криви линии со монтираниот водечки валјак (30) низ отворот на паралелниот граничник (27).

Водете го електричниот апарат со лесен страничен притисок по должината на делот што се обработува.

За кружно глодање може да го употребите шестарот на глодалката/адаптерот за шините водилки (31). Монтирајте го шестарот на глодалката како што е прикажано на сликата.

Завртете ја завртката за центрирање (36) во навојниот отвор на шестарот на глодалката. Поставете го врвот на завртката во средишната точка на кружниот лак што треба да се изглода, а притоа внимавајте на тоа, врвот на завртката да влегува во површината на делот за обработување.

Поставете го саканиот радиус со грубо поместување на шестарот на глодалката и затегнете ги пеперутка-завртките (33) и (34).

Со вртливото копче (35) по олабавување на пеперутка-завртките (34) може фино да ја подесите должината. Едно вртење одговара на должина на подесување од 2,0 mm, една од цртичките на вртливото копче (35) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1 mm.

Водете го вклучениот електричен алат со десната рачка (2) и дршката на шестарот на глодалката (32) преку делот за обработување.

Со помош на шините водилки (37) може да вршите праволиниски движења.

За изедначување на висинските разлики мора да ја монтирате дистанционата плоча (38).

Монтирајте го шестарот на глодалката/адаптерот за шините водилки (31) како што е прикажано на сликата.

Зацврстете ја шината водилка (37) со соодветни уреди за затегнување, на пр. менгеме, на делот за обработување. Поставете го електричниот алат со монтираниот адаптер за шини водилки (31) на шината водилка.

Со помош на копирната чаура (39) може да пренесувате контури од нацрти одн. шаблони на делот за обработување.

Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална дебелина од 8 mm.

Преместете го лостот за деблокирање (17) и ставете ја копирната чаура (39) од долу во основната плоча (6). Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната чаура.

  • Изберете помал дијаметар на глодалката од внатрешниот дијаметар на копирната чаура.

За глодање со копирната чаура (39) постапете на следниот начин:

  • Водете го вклучениот електричен алат со копирната чаура на шаблонот.
  • Притиснете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) надолу и полека водете ја површинската глодалка надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Доколку е потребно, притиснете го затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање (16) нагоре, за трајно да го фиксирате.
  • Водете го електричниот алат со копирната чаура што стрчи, со страничен притисок по должината на шаблонот.