Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Монтирање на адаптерот за всисување

Адаптерот за всисување (24) може да се монтира нанапред или наназад со помош на приклучокот за црево. При монтажа со приклучок на црево од напред мора најпрво да се извади заштитата од струготини (5). Прицврстете го адаптерот за всисување (24) со 2 завртки со нарецкана глава (25) на основната плоча (6).

Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (24) мора редовно да се чисти.

Приклучување на всисувач за прав (види слика B)

Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (23) (опрема) на монтираниот адаптер за всисување. Поврзете го цревото за всисување (23) со всисувач за прав (опрема).

Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот алат.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.