Вметнување на глодалката (види слика A)
- При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се достапни во најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
- Преклопете ја надолу заштитата од струготини (5).
- Притиснете го копчето за блокада на вретеното (3) и држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го вретеното на моторот, додека не се фиксира.
- Олабавете ја претурната навртка (21) со вилушкаст клуч (22) (ширина на клучот 19 mm) со вртење во правец ➊.
- Ставете го алатот за глодање во затезната чаура. Вратилото на глодалката мора да биде вметнато најмалку 20 mm во затезната чаура.
- Цврсто затегнете ја претурната навртка (21) со вилушкаст клуч (22) (ширина на клучот 19 mm) со вртење во правец ➋. Отпуштете го копчето за блокада на вретеното (3).
- Преклопете ја заштитата од струготини (5) нагоре.
- Без монтирана копирна чаура, не поставувајте глодалка со дијаметар поголем од 50 mm. Овие алати за глодање не поминуваат низ основната плоча.
- Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.