Обем на испорака
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Комбинирана пила со претходно монтирано сечило за пила
- Клуч со внатрешна шестаголна глава/плоснат одвртувач (5)
- Кеса за прав (8)
дополнително за столната тркалезна пила:
- Паралелен граничник (61)
- Подвижна водечка летва (62)
- Долен поклопец за сечило на пилата (66)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.