Кориснички интерфејс

Корисничкиот интерфејс служи за:

Боја на приказ за статус (5)

Значење

Помош

Електричниот алат е исклучен

Зелено

Електричниот алат е вклучен и е подготвен за употреба

Жолто

достигната е критична температура

Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да се излади околу 3 мин. со максимален број на работни одови.

Батеријата е речиси празна

Наполнете ја батеријата.

Црвено

Електричниот алат е прегреан.

Оставете го електричниот алат да се олади.

Батеријата е празна

Наполнете ја батеријата.

Трепка црвено

Исклучувањето при удар е активирано

Прочитајте ја пораката на мобилниот уред.

сино

Поврзете го електричниот алат преку Bluetooth® со мобилен уред

Трепка сино

Пренос на податоци

За вклучување одн. исклучување на работното светло (20) притиснете го копчето за работното светло (7), додека на приказот за работното светло (6) не се прикаже саканиот статус.

  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

Со копчето за избирање на бројот на работни одови (9) можете претходно да го изберете бројот на работни одови и за време на работата да го промените. Притискајте го копчето за избирање на работни одови, додека саканиот степен на работни одови не се прикаже во приказот за степен на работни одови (8). При исклучување на електричниот алат се зачувува последно поставениот степен на работни одови.

Достапни степени на работни одови:

  • GST 18V‑155 SC: Степен на работни одови 1–6 како и дополнителен степен на работни одови 6 со ASC (приказот за ASC (4) свети)
  • GST 18V‑155 BC: Степен на работни одови 1–6; работните одови дополнително може да се контролираат преку прекинувачот за вклучување/исклучување (21) до максималниот број на работни одови на поставениот степен на работни одови

Можете да ги промените вредностите и бројот на претходно поставените степени на работни одови преку апликацијата Bosch Toolbox.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови при сечење на пластика и метал.

За што е можно попрецизно сечење, работните одови може автоматски да се намалат со помош на ASC пред да се стави сечилото на пилата на делот што се обработува. Ако сечилото на пилата го допре делот што се обработува, работните одови автоматски се зголемуваат до поставениот степен на работни одови.

Кај фарбичка поставка степенот на работни одови 6 е достапен со или без ASC. За работа со ASC притискајте го копчето за претходно избирање на бројот на работните одови (9), додека приказот за ASC (4) не свети и додека A не се појави во приказот за степенот на работни одови (8).

Преку апликацијата Bosch Toolbox можете исто така да го вклучите или исклучите ASC за понатамошни степени на работни одови. При променети поставки при вклучен ASC свети исклучиво приказот за ASC (4), во приказот за степен на работни одови (8) повеќе не се прикажува A.