Совети при работењето
- Никогаш не го користете уредот за всисување без филтер. Ако го користите уредот за всисување без филтер може да се фрлат поголеми честички од прав од дупчењето кон корисникот и да се оштети електричниот алат.
- Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
- Никогаш не го фаќајте електричниот алат за уредот за всисување.
- За време на работата не го држете електричниот алат со монтираниот уред за всисување на уредот за всисување туку секогаш за рачката и помошната рачка на електричниот алат.
Напомена: Водилката (2) е затегната со пружина. При притискање на копчето (3) за подесување на должината на бургијата, може водилката да се исфрли нанапред.
- При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки.
LED-работно светло
LED (4) светилката свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување на чеканот за дупчење е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на местото на работење при недоволна осветленост.
За наменетата употреба во комбинација со GBH 18V-22 мора да се користи батерија од > 3,0 Ah. Батеријата со помал капацитет се прикажува со LED (4).