Полнење на батеријата (опрема)
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи за вашата батериска светилка.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач.
- По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите.
За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата за отклучување (10) и извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.