Одржување и чистење
- Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го стаклото на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
Кога копчестата батерија е целосно испразнета, заменете ја со нова.