Ставање во употреба

Ставете ја наполнетата батерија (8) во прифатот за батерија (14), додека не почувствувате да се вклопи.

Поставете ја батериската светилка на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена.

Безбедносниот држач (3) ја штити светилката (1) од оштетување, ако батериската светилка е случајно превртена.

Со прифатот за статив (9) може да ја завртите батериската светилка на статив.

Поврзете ја батериската светилка цврсто со стативот. Осигурајте се дека батериската светилка нема да може да се олабави и/или да падне.

Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.

Прекинувач за вклучување/исклучување

Функција

1 x притискајте

Вклучување на батериска светилка, затемнето (1. Степен)

2 x притискајте

Вклучување на батериска светилка, затемнето (2. Степен)

3 x притискајте

Вклучување на батериска светилка, целосно осветлено (3. Степен)

4 x притискајте

Исклучување на батериска светилка

Ако батериската светилка била вклучена околу 5 минути, таа веднаш се исклучува со следното притискање.

При пречекорување на дозволената оперативна температура, батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно вклучете ја.

Кога е вклучена батериската светилка, петте зелени LED-светилки на приказот за наполнетоста на батеријата (6) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (8).

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка е исклучена.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Тип на батерија GBA 18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3× зелено

60−100 %

Трајно светло 2× зелено

30−60 %

Трајно светло 1× зелено

5−30 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %

 

Тип на батерија ProCORE18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 5× зелено

80−100 %

Трајно светло 4× зелено

60−80 %

Трајно светло 3× зелено

40−60 %

Трајно светло 2× зелено

20−40 %

Трајно светло 1× зелено

5−20 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %

Пред целосно да се истроши копчестата батерија (12) на апликацијата се прикажува предупредување.

За да го отворите капакот на преградата за батерии (11), свртете го спротивно од стрелките на часовникот со одвртувач и потоа извадете го капакот на преградата за батерии. Извадете ја празната копчеста батерија и вметнете нова. При вадењето внимавајте на тоа, држачот за батерии да не е оштетен. Внимавајте на тоа, позитивниот пол на копчестата батерија да биде свртен нагоре.

Затворете го повторно капакот од преградата за батерии.