Работење со литиум-јонски батериски пакет

Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет

За промена на батериите од литиум-јонскиот батериски пакет (9) извадете го поклопецот на преградата за батерии (12) заедно со батериите.

Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (9) и заклучете го механизмот за заклучување (10).

За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (9) притиснете на механизмот за заклучување (10) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот алат.

Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ако нивото на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет е ниско, ласерските линии ќе трепкаат бавно околу 1 минута.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет е празен, ласерските линии ќе трепкаат брзо околу 10 секунди и потоа мерниот алат ќе се исклучи.

Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (8). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (15). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.

Индикатор за промена на боја (7)

Значење

Жолта

Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет.

Зелена

Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.

Црвена

Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни.

Кога полнењето ќе заврши, извадете го USB-кабелот (15). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (8) за заштита од прав и вода.