Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Отворете го затезниот лост (8). Ставете ја заштитната хауба (6) со кодираниот заб (7) во кодираниот жлеб на вратот на вретеното сѐ додека сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и завртете ја заштитната хауба (6) во саканата позиција. Затворете го затезниот лост (8).
- Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
Може да ја промените затезната сила на затворачот на заштитната хауба (6) со олабавување или затегање на завртката за подесување (9). Внимавајте на цврстото лежиште на заштитната хауба (6) и редовно контролирајте го.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (6) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (21) се монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка (4)/(30) низ заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот, електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за всисување. На хаубата за всисување со лизгачки водилки (21) може да се поврзе соодветен Bosch-всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидените делови за вметнување на хаубата за всисување.
Навртете ја дополнителната рачка (4)/(30) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4)/(30).
- Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (4)/(30) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (4)/(30).
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (30)овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.