Ставање во употреба
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.
Со активирање на блокадата при вклучување (2) истовремено ќе се отклучи уредот за вдлабнување и електричниот алат ќе може да се притисне надолу. Притоа, алатот за вметнување се вдлабнува во делот што се обработува. При подигање, електричниот алат повторно отскокнува назад во почетната позиција, а уредот за вдлабнување повторно се заклучува.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Во основната поставка претходно се поставени 6 степени на вртежи и ЕКО-режимот. Преку специјална апликација (Bosch Toolbox App) може да се програмираат од 1 до 6 степени на вртежи.
Следната табела ги прикажува претходно подесените степени на вртежи (основни поставки) за секој програмиран број на степени.
Основна поставка за број на вртежи при степен | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
[min-1] | [min-1] | [min-1] | [min-1] | [min-1] | [min-1] | |
Број на степени на вртежи | ||||||
ЕCО | 4260A) | – | – | – | – | – |
2 | 2800 | 5500 | – | – | – | – |
3 | 2800 | 4100 | 5500 | – | – | – |
4 | 2800 | 3700 | 4600 | 5500 | – | – |
5 | 2800 | 3500 | 4100 | 4800 | 5500 | – |
6 | 2800 | 3300 | 3900 | 4400 | 5000 | 5500 |
- A)
±25 %
Потребниот број на вртежи зависи од употребеното сечило за пила и материјалот што се обработува (погледнете го прегледот на сечила за пила на крајот од ова упатство за работа). Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на сечилото за време на сечењето.
Со копчето за избор на број на вртежи (39) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности за основната поставка со 6 претходно поставените степени на вртежи како и ECO-режимот.
Материјал | Примена | Алат за вметнување | Степен на избор на вртежи | [min-1] |
---|---|---|---|---|
Тврдо дрво, меко дрво | Сечење | Expert for Wood T42 (фино) | 6 | 5500 |
Иверки и лесонит, вклучително и ОСБ плочи | Сечење | Expert for Wood T42 (фино) | 3–6 | 3900–5000 |
Иверки и лесонит, вклучително и ОСБ плочи | Сечење | Expert for Wood T42 (фино) | ECO | 4260A) |
Пресувано дрво и обработени површини (иверки, МДФ плочи) | Сечење | Expert for Laminated Panel T42 | 6 | 5500 |
Пластика | Сечење | Expert for High-Pressure Laminate T42 | 2–5 | 3350–4950 |
Акрилно стакло | Сечење | Expert for High-Pressure Laminate T42 | 4–5 | 4400–4950 |
Лесонит споен со гипс и цемент | Сечење | Expert for Fibre Cement T4 | 1–4 | 2800–4400 |
- A)
±25 %
Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (37) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
Зелено | Батеријата е полна | – |
Жолто | Батеријата е речиси празна | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Црвено | Батеријата е празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Приказ за температура (43) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
жолто | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
црвено | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
Ознака за паметен телефон (41) | Значење/причина |
---|---|
– | Со користење на Bluetooth®-безжичната технологија може да бидат достапни дополнителни информации на поврзаниот мобилен уред. |
Приказ за статусот на електричниот алат (42) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
зелено | Статус OK | – |
жолто | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
црвено | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
трепка црвено | Заштитата од рестартирање е активирана | Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја. |
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:
- Регистрирање и персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
- Поставка на степени на вртежи
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.