Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка е исклучена.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Тип на батерија GBA 18V...

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 3 × зелено

60–100 %

Трајно светло 2 × зелено

30–60 %

Трајно светло 1 × зелено

5–30 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %

 

Тип на батерија ProCORE18V...

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 5 × зелено

80–100 %

Трајно светло 4 × зелено

60–80 %

Трајно светло 3 × зелено

40–60 %

Трајно светло 2 × зелено

20–40 %

Трајно светло 1 × зелено

5–20 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %