Кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс служи за:
- приказ за статус на електричниот алат
- за претходно бирање на бројот на осцилации
- за вклучување/исклучување на функциите „Adaptive Speed Control“ и „Stop Control“
- за сигнализирање на предупредувања (на пр. заштита од преоптоварување зависна од температура)
Напомена: при првото притискање на едно од копчињата на корисничкито интерфејс (2) се вклучува осветлувањето на корисничкиот интерфејс и работното светло, дури тогаш може да се сменат поставките.
Боја на приказ за статус (17) | Значење | Помош |
---|---|---|
− | Електричниот алат е исклучен | − |
зелена | Електричниот алат е вклучен и е подготвен за употреба | − |
жолтаA) | достигната е критична температура | Исклучете го електричниот алат и оставете го да се олади. |
Батеријата е речиси празна | Наполнете ја батеријата. | |
Трепка црвено | Заштитата од рестартирање е активирана | Исклучете и повторно вклучете го електричниот алат. |
црвена | Електричниот алат е прегреан. | Оставете го електричниот алат да се олади. |
Батеријата е празна | Наполнете ја батеријата. | |
4× трепка сино | Ресетирањето е активирано | − |
- A)
Ако свети приказот за статус (17) постојано во жолто, иако електричниот алат е на нормална температура и батеријата е наполнета, контактирајте со овластен сервисен центар за Bosch електрични алати.
Со копчето за претходно бирање на бројот на осцилации (22) може претходно да го изберете бројот на осцилации и за време на работата да го промените. Притискајте го копчето за претходно бирање на бројот на осцилации, додека саканиот степен на бројот на осцилации не се прикаже во приказот за степен на бројот на осцилации (21). При исклучување на електричниот алат се зачувува последно поставениот степен на бројот на осцилации.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
- За сечење дрво, се препорачува максимален степен на бројот на осцилации од „6“.
- Максималниот степен на бројот на осцилации „4“ е соодветен за брусење.
- За сечење на пластика и метал соодветен е максималниот степен на бројот на осцилации „4“.
Внимание: Почитувајте го максималниот број на осцилации наведен на алатите за вметнување или на нивното пакување. Работете со алати за вметнување како на пр. алати за брусење или Riff алати за вметнување со максимален степен на број на осцилации „4“.
Напомена: преголемиот број на осцилации значително го зголемува абењето на алатите за вметнување или може да доведе до нивно предвремено расипување.
Функцијата Adaptive Speed Control овозможува прецизни засеци:
- Кога функцијата е вклучена, бројот на осцилации е мал на почетокот на сечењето. Ова овозможува сечилото на пилата да се постави што е можно попрецизно на саканата линија за сечење.
- Штом сечилото на пилата ќе влезе во делот што се обработува, бројот на осцилации автоматски се зголемува до претходно избраниот степен на број на осцилации.
- На крајот на работниот процес, кога предниот дел на сечилото на пилата се отстранува од делот што се обработува, брзината на осцилации автоматски се намалува. Електричниот алат останува вклучен.
- Функцијата „Adaptive Speed Control“ е особено погодна за сечење тврди материјали како што се метал или тврдо дрво.
- За вклучување или исклучување на функцијата „Adaptive Speed Control“ притискајте го копчето за режим (20), додека не светне или не се изгаси приказот Adaptive Speed Control (18).
Со функцијата Stop Control се намалува ризикот од оштетување на предметите во близина:
- Електричниот алат автоматски се исклучува на крајот од работниот процес (на пр. кога сечилото за сечење со вдлабнување се отстранува од делот што се обработува). Приказот Stop Control (19) трепка како напомена за автоматското исклучување.
- Исклучете го електричниот алат со прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и за следниот работен процес повторно вклучете го.
- Функцијата Stop Control е погодна за сечење меки и потенки материјали (на пример, гипс картон, задни ѕидови на ормар, тенки первази или пластика). Секогаш работете со рамномерен контактен притисок кога ја користите функцијата. Кај поцврсти материјали, нерамномерна работа или други примени (на пр. брусење), исклучувањето може да не се активира. Затоа, проверете да не има електрични кабли зад делот што треба да се исече.
- За вклучување или исклучување на функцијата Stop Control притискајте го копчето за режим (20) додека не светне или не се изгаси приказот Stop Control (19).
Функциите „Adaptive Speed Control“ и „Stop Control“ може да се користат поединечно или во комбинација. При исклучување на електричниот алат, поставката на функцијата се зачувува.