Ставање во употреба

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Светлото (7) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (1) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.

Корисничкиот интерфејс (22) служи за избирање на бројот на вртежи, за активирање на безбедносната функција за контрола на запирање, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Кога функцијата за контрола на запирањето е активирана, електричниот алат запира автоматски кога ќе заврши со сечење (т. е. штом сечилото за пила ќе излезе од делот што се обработува), дури и ако прекинувачот за вклучување/исклучување (1) е уште притиснат. Функцијата за контрола на запирањето е стандардно исклучена. За да ја активирате функцијата, притиснете го копчето (44) на корисничкиот интерфејс (22).

Внимание: функцијата може да не се вклучи при сечење со мала брзина или мал број вртежи или кога материјалот не е многу дебел.

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање сечењето, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине. Притоа работното светло трепка (7) бело, а приказот за статус (45) црвено.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (1) ставете го во исклучена положба и одново вклучете го електричниот алат.

Ако го користите електричниот алат во ECO-режим што штеди енергија, времетраењето на батеријата може да се продолжи до 10 %.

Ако ЕКО-режимот е активен, на приказот за степен на вртежи/режимот (47) ќе се прикаже ознаката E. Дополнително свети приказот ЕКО-режим (50).

3 степени на вртежи и ECO-режим се претходно поставени.

Во следнава табела се прикажани степените на вртежи и соодветните брзини.

Степен на број на вртежи

Број на вртежи [min–1]

1

2500

2

3750

3

5000

ECO

3000A)

A)

±25 %

Со копчето за избор на број на вртежи (46) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (49)

Значење/Причина

Решение

Зелено

Батеријата е полна

Жолто

Батеријата е речиси празна

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Приказ за температура (48)

Значење/Причина

Решение

жолто

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

црвено

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се олади

Приказ за статусот на електричниот алат (45)

Значење/причина

Решение

зелено

Статус OK

жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепка црвено

Исклучувањето при пречки е активирано

Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја.