Начини на работа
- Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
Со копчето за претходен избор на длабочината на резот (3) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (8), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (8). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (21).
Напомена: користете ја белата ознака (41) на скалата (21) за сечење со шина-водилка и црвената ознака (42) за сечење без шина-водилка.
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17).
Олабавете ги затезниот лост за аголот на косо сечење (10) и пеперутка-завртката (16). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (9). Повторно затегнете ги лостот за подесување (10) и пеперутка-завртката (16).
За да ја вратите пилата во првобитната позиција, олабавете ги затезниот лост за аголот на косо сечење (10) и пеперутка-завртката (16). Придвижете ја пилата во позиција 0° и прицврстете ги затезниот лост и пеперутка-завртката повторно без да притискате врз пилата.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (21).
Ознаката за сечење 0° (13) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (12) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при сечење под агол од 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.