Совети при работењето

Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.

Заштитете ги сечилата за пила од удари.

Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат.

Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.

Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови.

При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.

Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.

Во основната плоча (8) интегрираниот тесен жлеб (34) може да се користи за шините-водилки прикажани на страната со опрема.

Со помош на шината водилка (36) може да правите праволиниски резови.

Гумената лента на шината-водилка служи како заштита од кинење, што го спречува кинењето на површината при сечење на дрвени материјали. Затоа сечилото за пила со запците мора да лежи директно на гумената лента.

Пред првото сечење гумената лента мора да се подеси со шината-водилка (36) на кружната пила што се користи. Притоа, поставете ја шината-водилка (36) со целата должина на делот што се обработува. Поставете длабочина на сечење од околу 9 mm и правоаголен искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја рамномерно со лесно поместување во правец на резот.

Жлебот (34) е наменет за системи со шина водилка од Bosch и Mafell.

Жлебот (35) е наменет за системи со шина водилка од Festool и Makita.

Паралелниот граничник (38) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.

Провлечете ги водечките прачки на паралелниот граничник (38) низ водилките на основната плоча (8). Монтирајте ги пеперутка-завртките (11) од двете страни како што е прикажано на сликата, свртете ги пеперутка-завртките (11), но не ги затегнувајте премногу.

Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење (13) одн. (12), Ознаки за сечење. Затегнете ги пеперутка-завртките (11).

Напомена: за да ја зголемите основната плоча (8), монтирајте го паралелниот граничник (38) на 180° (види слика N).

За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.

Со куката за закачување (31) може да го закачите електричниот алат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување (31) во саканата позиција.

  • При закачен електричен уред, внимавајте сечилото за пила да е заштитено од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.

Повторно склопете ги куките за закачување (31) кога ќе сакате да работите со електричниот алат.

По интензивно или продолжено користење на електричниот алат, можеби ќе треба да ја приспособите ознаката на скалата за агол на косо сечење (39). За да го направите ова, свртете ја завртката (40) навнатре или нанадвор додека сечилото за пилата не се постави под агол од 90° на основната плоча (8). Со завртката (40) порамнете ја црвената ознака на скалата (39) со нултата точка на скалата (9).