Ставање во употреба
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (8) на лево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7). Потоа притиснете ја блокадата при вклучување (8) повторно на десно.
Работното светло (9) автоматски се гасне за околу 10 s по исклучувањето на електричниот алат.
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (10) може претходно да го изберете бројот на одови пред вклучувањето на електричниот алат.
1: | низок број на работни одови |
6: | висок број на работни одови |
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
- кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
- при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.