Совети при работењето

  • При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.

Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното сечило за пила.

Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (3) на површината од делот што се обработува и сечете со еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По завршување на работниот процес, исклучете го електричниот алат.

Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат.

Основната плоча (3) поради својата подвижност се подесува на потребниот агол на површината.

Основната плоча (3) може да се помести по должина во 3 степени во зависност од користеното сечило за пила и употребата.

Притиснете го копчето за отклучување (11) и поместете ја основната плоча (3) во саканата позиција. Отпуштете го копчето за заклучување и проверете дали основната плоча е цврсто вклопена. Доколку е потребно, поместете ја основната плоча повеќе, додека не се вклопи цврсто.

За да го исчистите прифатот за сечилото за пила (21) можете целосно да ја извлечете основната плоча (3) додека е притиснато копчето за отклучување (11). По чистењето вметнете ја основната плоча повторно во прифатот, додека не се вклопи.

  • Не го притискајте копчето за отклучување за време на работата. Инаку може да ја изгубите контролата над електричниот алат и да се повредите.

  • Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! Не обработувајте метални материјали со сечење со вдлабнување!
  • За сечење со вдлабнување користете само сечила за пила со максимална должина од 100 mm. Со подолги сечила за пила не може да се постави основната плоча и електричниот алат ќе ја нема потребната потпора.

Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (3) на делот што се обработува, без сечилото за пила (2) да го допира делот што се обработува и вклучете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максималниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.

Штом основната плоча (3) целосно ќе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечете по должина на саканата линија.

За одредени работи, сечилото за пила (2) може да се постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот алат да се води соодветно свртен.

Со еластичните биметални сечила за пила, може да сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно на ѕидот, како што се водоводни цевки.

  • Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да биде подолго од дијаметарот на делот што се обработува. Постои опасност од повратен удар.

Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и свиткајте го малку со страничен притисок на електричниот алат, додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот што се обработува со константен страничен притисок.

Со куките за закачување (6) може да го закачите електричниот апарат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување во саканата позиција.

  • При закачувањето на електричниот уред, внимавајте листот за пилата да е заштитен од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.

Повторно склопете ги куките за закачување (6) кога ќе сакате да работите со електричниот алат.

При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

Меката дршка ја зголемува заштитата од лизгање и обезбедува подобро држење и ракување на електричниот алат.