Кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс служи за:
- приказ за статус на електричниот алат
- за вклучување/исклучување на функциите „Adaptive Speed Control“ и „Stop Control“
- за вклучување/исклучување на функцијата „KickBack Control“
- за сигнализирање на предупредувања (на пр. заштита од преоптоварување зависна од температура)
- за ресетирање на фабрички поставки (ресетирање)
Напомена: при првото притискање на едно од копчињата на корисничкито интерфејс (17) се вклучува осветлувањето на корисничкиот интерфејс и дури тогаш може да се сменат поставките.
Доколку е можно, променете ги поставките на корисничкиот интерфејс (17) пред да го вклучите електричниот алат.
Боја на приказ за статус (14) | Значење | Помош |
---|---|---|
− | Електричниот алат е исклучен | − |
зелена | Електричниот алат е вклучен и е подготвен за употреба | − |
жолта | достигната е критична температура | Исклучете го електричниот алат и оставете го да се олади. |
Батеријата е речиси празна | Наполнете ја батеријата. | |
Функцијата„KickBack Control“ е исклучена | Вклучете ја повторно функцијата „KickBack Control“. | |
Трепка црвено | Повратен удар, функцијата „KickBack Control“ е активирана | Исклучете го електричниот алат и доколку е потребно, отстранете ја блокадата од сечилото на пилата. |
црвена | Електричниот алат е прегреан. | Оставете го електричниот алат да се олади. |
Батеријата е празна | Наполнете ја батеријата. | |
4× трепка сино | Ресетирањето е активирано | − |
Функцијата „Adaptive Speed Control“ овозможува прецизни засеци:
- Кога функцијата е вклучена, бројот на одови е мал на почетокот на сечењето. Ова овозможува сечилото на пилата да се постави што е можно попрецизно на саканата линија за сечење.
- Штом сечилото на пилата ќе влезе во делот што се обработува, бројот на одови автоматски се зголемува до претходно избраниот степен на број на одови.
- На крајот на работниот процес, кога сечилото на пилата се отстранува од напушта делот што се обработува, брзината на одови автоматски се намалува. Електричниот алат останува вклучен (сѐ додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (7)).
- Функцијата „Adaptive Speed Control“ е особено погодна за сечење тврди материјали како што се метал или тврдо дрво.
- За вклучување или исклучување на функцијата „Adaptive Speed Control“ притискајте го копчето за режим (18), додека не светне или не се изгаси приказот Adaptive Speed Control (16).
Со функцијата „Stop Control“ се намалува ризикот од оштетување на предметите во близина:
- Електричниот алат автоматски се исклучува на крајот од работниот процес (кога сечилото на пилата се отстранува од делот што се обработува). Приказот „Stop Control“ (15) трепка како напомена за автоматското исклучување.
- За вклучување или исклучување на функцијата Stop Control притискајте го копчето за режим (18) додека не светне или не се изгаси приказот Stop Control (15).
Функциите „Adaptive Speed Control“ и „Stop Control“ може да се користат поединечно или во комбинација. При исклучување на електричниот алат, поставката на функцијата се зачувува.

Ако е вклучена функцијата „KickBack Control“, напојувањето на моторот се прекинува електронски при повратен удар на електричниот алат (на пр. со блокирано сечило на пилата).
Функцијата „KickBack Control“ е стандардно вклучена, во приказот KickBack Control (13) свети ON во зелено.
Ако функцијата „KickBack Control“ била активирана поради повратен удар:
- моторот се исклучува,
- свети во приказот KickBack Control (13) ON во црвено,
- трепка приказот за статус (14) во црвено,
- трепка работното светло (9).
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7). За повторно ставање во употреба доколку е потребно, отстранете ја блокадата од сечилото на пилата и повторно вклучете го електричниот алат.
За исклучување на функцијата „KickBack Control“, притиснете го копчето KickBack Control (12). Во приказот KickBack Control (13) свети OFF и приказот за статус (14) свети во жолто. Доколку електричниот алат не се користи повеќе од 5 минути или се извади акумулаторската батерија, автоматски повторно се вклучува функцијата „KickBack Control“.
- Ако функцијата „KickBack Control“ е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.