Ставање во употреба
Правта, на пр.минералната прав може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Поставување на бројот на вртежи со прекинувачот за вклучување/исклучување
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Поставување на бројот на вртежи со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
Саканиот број на вртежи може однапред да се избере и со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (4) (исто така за време на работата).
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот што треба да се меша и од условите за работа.
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за ротација, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање во црвена боја на LED за KickBack Control (1) на електричниот апарат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.
- Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.