Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По секоја употреба темелно исчистете ги капачето за затворање, отворот за истекување, држачот за ќеси и патрони, како и назабената шина со шајбната за истиснување според спецификациите на производителот на потрошниот материјал. Батеријата и рачката може да се исчистат со влажна крпа.
Пиштолот за силикон не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.