Совети при работењето
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го електричниот алат.
- При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2) на површината од делот што се обработува и сечете со еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По завршување на работниот процес, исклучете го електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат.
Основната плоча (2) поради својата подвижност се подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча (2) може да се помести бесстепено по должина во зависност од користениот лист за пила и употребата.
Олабавете ги завртките (13) со внатрешен шестаголен клуч (5) и притиснете ја основната плоча (2) во саканата позиција. Повторно затегнете ги завртките и проверете дали основната плоча е добро фиксирана.
- Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! Не обработувајте метални материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (2) на делот што се обработува, без сечилото за пила (1) да го допира делот што се обработува и вклучете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максималниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (2) целосно ќе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечете по должина на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот алат да се води соодветно свртен.
Со еластичните биметални сечила за пила, може да сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно на ѕидот, како што се водоводни цевки.
- Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да биде подолго од дијаметарот на делот што се обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и свиткајте го малку со страничен притисок на електричниот алат, додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот што се обработува со константен страничен притисок.
Со куките за закачување (6) може да го закачите електричниот апарат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување во саканата позиција.
- При закачувањето на електричниот уред, внимавајте листот за пилата да е заштитен од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување (6) кога ќе сакате да работите со електричниот алат.