Подесување на длабочината на глодање (види слика B)

  • Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува.
  • Свртете ја скалата за фино подесување (10) на „0“.
  • Револвер-граничникот (8) поставете го на најнизок степен; се слуша кога тој ќе се вклопи.
  • Олабавете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина (5), така што граничникот за длабочина (3) ќе може слободно да се движи.
  • Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување (12) и полека водете ја глодалката за рабови надолу, додека алатот за глодање не ја допре површината на делот што се обработува. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (12) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
  • Притиснете го граничникот за длабочина (3) надолу, додека не легне на револвер-граничникот (8). Лизгачот со индексна ознака (4) поставете го на позиција „0“ на скалата за длабочина на глодање (11).
  • Поставете го граничникот за длабочина (3) на саканата длабочина за глодање и зацврстете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина (5). Внимавајте на тоа, лизгачот со индексната ознака (4) да не го поместувате повеќе.
  • Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување (12) и водете ја глодалката за рабови во најгорната позиција.

Поставената длабочина на глодање се достигнува само ако граничникот за длабочина за време на процесот на вдлабнување (3) го достигне револвер-граничникот (8).

При големи длабочини на глодање треба да се направат повеќе процеси на обработка со помало вадење струготини. Со помош на револвер-граничникот (8) може да го поделите процесот на глодање на повеќе степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со најнизок степен на револвер-граничникот и за првиот процес на обработка изберете го највисокиот степен. Растојанието помеѓу чекорите е околу 3 mm.

По пробата за глодање, со вртење на чаурата (9) можете да ја подесите длабочината на глодање точно на саканите димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Скалата (10) служи за ориентација. Една револуција одговара на патека за прилагодување од околу 1 mm, максималната патека за прилагодување е околу 4 mm. Доколку единицата на вдлабнување (2) се спуштила на максималната длабочина на подесување, преку финото подесување исто така не може да се постигне голема длабочина на вдлабнување, бидејќи веќе е искористена максималната позиција на вдлабнување. Фино подесување исто така не е возможно, доколку граничникот за длабочина (3) запира на револвер-граничникот (8).

Користете го делот за монтирање за кој треба да се изглода вдлабнатината, на пр. шарка, како шаблон.

  • Револвер-граничникот (8) поставете го на најнизок степен; се слуша кога тој ќе се вклопи.
  • Поставете го делот за монтирање на најниското ниво на револвер-граничникот.
  • Олабавете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина (5), така што граничникот за длабочина (3) ќе може слободно да се движи.
  • Притиснете го граничникот за длабочина надолу додека не легне на делот за монтирање и затегнете ја завртката со нарецкана глава на граничникот за длабочина.
  • Отстранете го делот за монтирање од револвер-граничникот.