Напомени за работењето

Правец и процес на глодање (види слика C)

За глодање со единицата за вдлабнување (2) постапете на следниот начин:

  • Поставете ја саканата длабочина на глодање, видете во делот „Поставување длабочина на глодање“.
  • Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот за обработување и вклучете го.
  • Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на вдлабнување (12) и полека водете ја глодалката за рабови надолу, додека не се постигне подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (12) за да ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
  • Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
  • По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја глодалката за рабови во најгорна позиција.
  • Исклучете го електричниот алат.

Повторно прилагодување на затезната рачка (видете слика D)

Доколку погонската единица (1) не лежи цврсто во единицата за вдлабнување, мора да ја подесите силата на затегнување на затегнувачкиот лост (13).

  • Отворете го затегнувачкиот лост.
  • Цврсто затегнете ја навртката со вилушкаст клуч (8 mm) околу 45° во правец на стрелките на часовникот.
  • Повторно затворете ја затезната рачка.
  • Проверете дали погонската единица е безбедно затегната. Не ја затегнувајте навртката премногу цврсто.