Монтирање на брусни алати
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (19) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи или дискови за сечење со помош на испорачаната приклучна прирабница (10) и затегнувачката навртка (14) одн. брзозатезната навртка (15) употребата на меѓуслоеви не е потребна.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење ставете ја приклучната прирабница со O-прстен (10) на вретеното за брусење (19) и завртете ја затезната навртка (14). Внимавајте на усогласувањето на затезната навртка (14) во зависност од употребената брусна плоча/диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од упатството за употреба), и затегнете ја со клучот со два отвори види Брзозатезна навртка .
- По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (10) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (10) мора да се замени пред понатамошна употреба.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (14) можете да употребите брзозатезна навртка (15).
- Брзозатезната навртка (15)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (15).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (15) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (31) да покажува.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата.